-->
-->
Ќе има ли невреме вечерва, еве што прогнозира УХМР
-->
МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 40 Гевгелија, 39 Д. Капија, 37 Струмица, 36 Виница, Битола, Скопје Зајчев Рид, 35 Штип, Прилеп, 34 Скопје Петровец, Тополчани, Претор, Тетово, Охрид, 33 Берово, 32 Кр. Паланка, Пожаране, 30 Маврово, Лазарополе, Ѓуриште.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и топло, во северните делови со мала до умерена облачност. Дуваше умерен северoзападен ветер, кој почнувајќи од северните делови, вдолж Повадарието и источните делови се засилуваше, и на моменти во Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 40 до 50 км/час. УВ=9
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северoзападен ветер, кој вдолж Повадарието и источните делови ќе се засилува. УВ=9 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. УВ=8 . Минималната температура од 11 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.Температурите од 17 до 32 степена.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Од утре попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица