Македонија
13. July 2017 - 18:08

Ќе има ли невреме вечерва, еве што прогнозира УХМР

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:  40 Гевгелија, 39 Д. Капија, 37 Струмица, 36 Виница, Битола, Скопје Зајчев Рид, 35 Штип, Прилеп, 34 Скопје Петровец, Тополчани, Претор, Тетово, Охрид, 33 Берово, 32 Кр. Паланка, Пожаране, 30 Маврово, Лазарополе, Ѓуриште.
 
ВРЕМЕТО ДЕНЕС:  Сончево и топло, во северните делови со мала до умерена облачност. Дуваше умерен северoзападен ветер, кој почнувајќи од северните делови, вдолж Повадарието и источните делови се засилуваше, и на моменти во Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 40 до 50 км/час. УВ=9
 
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и топло во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северoзападен ветер, кој вдолж Повадарието и источните делови ќе се засилува. УВ=9 Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
 
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. УВ=8 . Минималната температура од 11 до 20, а  дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 27 до 35 степени.
 
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.Температурите од 17 до 32 степена. 
 
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:  Од утре попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.