Ќе се гради нов систем за дистрибуција на природен гас по пат на јавно-приватно партнерство
Владата на вчерашната 119-та седница донесе одлука за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас во земјава по пат на јавно-приватно партнерство.
Како што информираат од владината прес-служба, Владата вчера ја разгледа и ја усвои информацијата за изготвување на предлог модел за развој на системи за дистрибуција на природен гас во Република Македонија, со предлог одлука. Истовремено донесе одлука за започнување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија.
Владата, на вчерашната седница, ги задолжи министерствата за животна средина и просторно планирање и за транспорт и врски, кабинетите на премиерот и на вицепремиерот за економски прашања, Регулаторната комисија за енергетика и АД МЕР Скопје, во рок од три дена до Министерството за економија да достават номинации за член и заменик член во Комисијата за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за изградба на нов систем за дистрибуција на природен гас на територијата на Република Македонија. Министерството за економија, пак, е задолжено до Владата да достави предлог решение за формирање Комисија за спроведување на оваа постапка.
Паралелно на ова, велат од владината прес-служба, продолжува започната активност преку Европската банка за обнова и развој за изградба на гасоводната мрежа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар

