Ќе се гради нов влез од автопатот во Гевгелија
Градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков за годинава најави дека ќе се стави во употреба стариот влез од автопатот „Пријателство“ во Гевгелија, што се наоѓа во близина на селото Мрзенци.
-Ова ќе создаде можност да се реконструира и патот што во продолжение поминува покрај старата бензинска пумпа на „Макпетрол“, мотелот „Вардар“, локалитетот „Милци“, каде се предвидува градење на мултинаменски трговски центар, а завршува на граничниот премин Богородица, рече Поцков.
Патот оди паралелно со автопатот „Пријателство“ и претставува дел од некогашниот автопат „Братство и единство“, а на овој проект, како што истакна Поцков, ќе се инсистира со цел повторно да заживее овој дел од градот.
Поцков очекува проектот да биде дел од проектитите за изградба и реконструкција на локални патишта, за кои Министерството за транспорт и врски годинава ќе издвои 50 милиони евра, поради што му наложи на одделението за урбанизам да подготви план и за овој пат за што финансиски се подготвени да учествуваат и фирмите кои се наоѓаат во тој дел од градот.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија