Ќе се купуваат тестови и терапија за мајмунски сипаници, најави Мехмедовиќ
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција ги соопшти заклучоците од состојбата со Ковид-19 и со мајмунските сипаници. Тој вели дека КЗБ покажала загриженост бидејќи во светот има ширење на вирусот со мајмунските сипаници и дека на состанокот бил донесен заклучок системот да се подготви за евентуални пациенти и кај нас. Во соработка со СЗО ќе се набавуваат тестови и терапија за овој тип на вирус.
Оваа состојба со мајмунските сипаници не е пропорционална со пандемијата со ковид, но со оглед дека сакаме да сме подготвени како систем, се договоривме да ја следиме состојбата и да обезбедиме се што е потребно за евентуален план за лекување на пациенти. Вирусот на мајмунски сипаници постои половина век. Сите земји имаат проблем да обезбедат квалитетен третман и дијагностицирање. Институтот за јавно здравје веќе воспостави контакт со СЗО (Светска здравствена организација) да се набават тестови и терапии. Симптомите на оваа болест се промена на кожата, меурчиња, висока температура, болки во мускулите, омалаксаност...", рече Мехмедовиќ.
Ново на Сител
-
Гори зграда во Чаир, неколкумина повредени и евакуирани над 100 станари
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд
-
Првите 100 дена на новата Влада за власта успешни, опозицијата со серија критики
-
Папата Франциск побара прошка за сексуалната злоупотреба и третманот на жените во Црквата
-
Две експлозии во Копенхаген