-->
-->
Ќе се санираат улиците во Берово
-->

Со 1,1 милион денари Берово ќе ги санира дупките во градот. Како што информира Општината, оваа активност е приортетна во овој период заради нормално одвивање на сообраќајот.
Проектот се реализира преку Програмата за патишта и улици општина Берово.
- Со проектот ќе бидат опфатени повеќе улици со отворени ударни дупки кои го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот или 1.100 метри квадратни површина, рече Ѓорѓи Пеовски, вработен во Општина Берово.
Предвидено е да бидат опфатени улиците “Борис Кидрич“, “Јуриј Гагарин“, “Партизанска“, “Задарска“, “Марксова“, “Енгелсова“, “11ти октомври“, “Малешка“, Бел Камен“, “Велко Влаховиќ“, Ѓуро Ѓаковиќ“, “Крушевска Република“, “29ти ноември“, “Цветан Димов“, како и паркингот на улицата “Маршал Тито“ покрај црквата во центарот на Берово.
Санирањето на ударните дупки ќе се изврши со асфалтен слој со дебелина од седум сантиметри со претходно засечување на ивиците и чистење на шутот и прскање со емулзија, додека на улицата “Цветан Димов“ горниот слој од асфалтот ќе биде целосно изгребан и ќе се асфалтира со асфалтен слој со дебелина од пет сантиметри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
