Ќе се тестираат сите лица поврзани со директорката на Кожната клиника

Дванаесет нови заболени со коронавирус има во последните 24 часа во земјава. Од нив седум се од Скопје, пет од Куманово. Вкупниот број на заболени со овој вирус во земјава изнесува 148, а двајца се починати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Според местото на живеење, од вкупниот број заболени 88 се во Скопје, 40 во Дебар, Куманово осум, Штип седум, Кавадарци и Охрид по две и Гостивар едно лице.
На Инфективната клиника се хоспитализирани 29 пацинети кои се лекуваат стационарно, од кои во тешка општа состојба на респираторна машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена, шест се со потешка слика, но респираторно се самостојни. Амбулантски, како што рече Филлипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис. Троца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.
Филипче соопшти дека од денеска Институтот за јавно здравје по план ќе спроведе тестирање на сите лица кои беа во врска со директорката на Кожната клиника. Се работи за голема бојка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат во неколку циклуси, изјави Филипче.
Тој информира дека во Куманово е направена интензивна комуникација во врска со починатата жена од при што рече дека досега во семејството нема клиничка симптоматологија.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
