Џет-Сет
1. јуни 2018 - 12:02

Ќе ви замрзне срцето - ќерката на Синан Сакиќ објави фотографија со нејзиниот татко на смртна постела

Откако денеска почина Синан Сакиќч многу естрадни колеги од целиот Балкан се опростуваат од пејачот, а освен нив на социјалните мрежи и неговата ќерка објави трогателна порака.

Имено неговата ќерка Џуклица објави фотографија од ракана на нејзиниот татко додека бил на смртна постела.

- Се што вредеше го снема…Ангел мој единствен.. Никој никогаш не сум сакала и нема да сакам толку колку што те сакав тебе. Благодарам што сум твоја ќерка, благодарам што си ми татко! Јас од тебе не се опростувам, јас само со тебе започнувам некој нов вид на комуникација. Благодарам што имав најдобар детски живот. Благодарам што ме научи да сакам, ќе бидам горда на нас…, стои во трогателната порака на неговата ќерка.

Инаку Сакиќ претходно беше хоспитализиран во болница каде лекарите требаше да му извршат трансплантација на црниот дроб.