Ќучук: Претседателот може да биде гарант за конструктивноста на Македонија
Во куса изјава за МИА известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук вели дека имал добра средба со претседателот Стево Пендаровски и смета дека тој е тој што може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија.
Ќучук оцени дека е речиси извесно оти ќе има нови парламентарни избори во Бугарија, што најверојатно ќе значи и повторно одлагање на официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и покрај повиците на највисоките челници на ЕУ да се даде зелено светло за старт на преговарачкиот процес до крајот на јуни годинава.
– Не останува време за до крајот на португалското претседателство и треба да бидеме подготвени за тоа сценарио, во овој момент не ми личи реалистично Бугарија да прифати и треба да се работи на тоа да се реши билатералниот проблем, со намалување на националистичката реторика од двете страни, изјави Ќучук.
Тој повика македонските власти да се фокусираат на реформската агенда, која ќе бара напор во наредниот период, како и да вложат во добрососедските односи.
Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент вели дека е свесен оти повторното одлагање на почетокот на преговорите за земјата ќе има обесхрабрувачки последици врз јавноста и дека „иднината е легитимен аргумент“, но оти и „за минатото треба да има разбирање во двете држави“.
Ќучук се надева дека двете страни ќе успеат да ги затоплат односите во наредниот период и повтори дека иднината на земјата е во Европската Унија.
Претседателот Пендаровски денеска остварува низа средби со челници во ЕУ, а утрешниот ден ќе го посвети на НАТО, при што ќе се сретне со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето