Кличко: Очекуваме жесток напад врз Киев
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко утринава разговараше со специјалниот дописник на „Скај Њуз“ од главниот град на Украина, веднаш по повеќекратното гранатирање на населба од главниот град, укажувајќи на штетата, што, наводно, била предизвикана од ракета.
-Шест згради, вклучувајќи и една предучилишна установа, се оштетени во нападот врз населбата Подил во Киев, рече Кличко.
Населбата е во северниот дел од центарот на градот и на околу 1,5 милји од владиниот кварт, во кој се наоѓа претседателската палата.
-Нападот беше насочен кон станбена област без воена база, рече Кличко.
Запрашан што очекува да се случи следно вÐ ¾ Киев, тој кажа дека верува дека очекува да има жесток напад, сличен на оние во Мариупол и Харков.
Двата града се опколени од руските сили и се соочуваат со речиси постојано бомбардирање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат