-->
-->
Кличко: Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија
-->
Половина од населението на Киев побегна од почетокот на руската инвазија, изјави во четвртокот градоначалникот, Виталиј Кличко, додека руските сили се приближуваа до главниот град на Украина.„Според нашите информации, секој втор жител на Киев го напуштил градот“, изјави тој за украинската телевизија.
„Во моментов, нешто помалку од два милиони луѓе се заминати. Сепак, Киев е претворен во тврдина. Секоја улица, секоја зграда, секој контролен пункт се утврдени“, изјави Кличко.
Според веб-страницата citypopulation.de минатата година во Киев, заедно со поширокиот дел на градот, живееле 3,5 милиони луѓе.
Руските сили со своите оклопни возила веќе се пред североисточниот дел на градот, додека според украинските сили имало тешки борби во текот на ноќта за контрола на главниот автопат кон Киев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
