Кличко: Се подготвуваме за војна од Русија
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ја повика меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.
– Се подготвуваме низ целата земја дека може рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за војна, напиша Кличко во авторскиот текст објавен во германскиот дневен весник „Билд".
Поранешниот светски шампион во бокс нагласи дека како војник еднаш се заколнал оти ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.
Тој напиша дека како градоначалник на украинскиот главен град организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.
– Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било, заклучи Кличко.
Ново на Сител
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар