Климатска рехабилитација за 200 деца на Пелистер
Седумдневна климатска рехабилитација на Пелистер, за децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично, а се резултат на загадувањето и годинава обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
Активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа на здраво поколение од Велес.
- Втората смена која опфаќа вкупно 200 деца започнува во понеделник, 17 август, и финансиски е комплетно покриена од буџетот на Министерството. Со неа се опфатени деца од Велес, селата Осломеј, Возарце и Миладиновци, како населени места кои се непосредено изложени на историското загадување од индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ и ФЕНИ, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Литургија по повод 25 години од востоличувањето на г.г Стефан за поглавар на МПЦ-ОА
-
Преглед на вестите од светот
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот