Клиниката Св Наум Охридски одбележува 60 години постоење
Универзитетската Клиника за хируршки болести ,,Свети Наум Охридски,, -Скопје, веќе 60 години со успех функционира во дијагностицирањето и третманот на хируршките болни како значаен дел во системот на јавните здравствени институции.
Лоцирана во центарот на Скопје, со стратешка поставеност, од аспект на специфичноста на дејноста која ја извршува претставува хируршка установа која во својата организациска поставеност освен основната хируршка дејност ги обединува и неопходните субспецијалности.
Во просторните капацитети на клиниката со нето површина од 7500 м2 и капацитет за 100 лежечки болни, годишно се извршуваат повеке од 200.000 амбулантско поликлинички услуги, прегледи, интервенции и дијагностички процедури. Се хоспитализираат околу 6000 пациенти и се извршуваат повеке од 3800 оперативни зафати.
Историјат
Историјатот на овие репрезентативни податоци започнува во далечната 1962 година кога на 02 Октомври со одлука на Околискиот одбор на град Скопје е основано хируршкото одделение на Градската (околиска) болница, во сегашниот објект на Универзитетската Клиника за Хируршки болести ,, Свети Наум Охридски,, Скопје.
Ovaa 2022 се навршуваат и 90 години од завршување на изградбата на самиот објект, кој поради специфичностите на применетите градежни принципи на Европската модерна архитектура, долго време бил под заштита на Конзерваторскиот центар од Скопје како градителско наследство (со акт од 1996 година). Меѓутоа, веќе во 2009 година се намалува нивото на заштита со цел доградување и адаптирање на објектот.
ДЕНЕС
Денес Клиниката претставува современа хируршка установа чија кадровска структура со вкупен број од 322 вработени,ја сочинуваат:
-93 лекари (субспецијалисти,специјалисти и специјализанти)
-145 медицинскисестри/техничари (дипломирани и со средна стручна подготовка)
-17 радиолошки технолози
-9 лаборанти
-52 немедицински работници (болничари, возачи , чувари, хигиеничари) Техничкиот персонал во рамките на своите професионални обврски имаат голема заслуга за нормално одвивање на работните процеси, како и во одржувањето на редот и хигиената во клиниката.
Административен оддел
Неопходен и суштински извонредно значаен сегмент е администартивниот оддел кој го сочинуваат : организациски директор Дипл.економист Нермин Шаќири,која што раководи со одделот во кој се ангажирани вкупно 35 врабоени од кои : 3дипл.економисти, 3 дипл.правници, 2 дипл.менаџери за човечки ресурси, 27 работници со средна стручна спрема
Организациска поставеност
Во клиниката функционираат следните одделенија
-две одделение за абдоменална хирургија
-одделение за трауматологија
-одделение за урологија
-одделение за неврохирургија
-одделение за васкуларна хирургија
-одделение за детска хирургија
-одделение за пластична и реконструктивна хирургија..
-Оперативен блок и стерилизација
-Одделение за анестезиологија
. одделение за реанимација и интензивно лекување
-Амбулантско поликлинички оддел
-Одделение за радиодијагностика
-Одделение за мама и урогинеколошка дијагностика
-Одделение за интерна медицина
-Лабораторија за биохемиско-хематолошки имунолошки испитувања
-Болничка аптека
Пандемија
На почетокот на 2020 година, човештвото се соочи со најголемиот предизвик во новото време. Светот едноставно застана. На 11 март 2020 година СЗО прогласи пандемија на корона вирус
Одредена со одлука на МЗ како хируршка установа во која ќе бидат третирани хируршки пациенти кои не се ковид позитивни, Клиниката за релативно краток период мораше да се реорганизира и адаптира на новосоздадените услови во функционирањето.
. Првата година од пандемијта во Клиниката побарале услуги повеке од 120 000 пациенти.Целосно посветени на своите работни задачи, со извонредна професионална одговорност и придржување до пропишаните протоколи, од денешна перспектива може да се констатира дека успешно се совладани сите предизвици и заштитен е персоналот и пациентите од трансмисија на инфекцијата.
Изјава Др.Љубен Арсенков, медицински директор
,,Новата нормалност” наметна и ново , сериозно променето сфакање за вредноста на здравјето како и местото и улогата на здравствените работници. Се врати довербата во здравствениот систем што е веројатно причина за реализација на проектите во установата последните три години. Преку донации од општествено одговорни поединци и компании чија вредност изнесува повеќе од половина милион евра, се реконструираа, санираа одредени сегменти од објекот, се набавија неопходни апарати, санитетски возила, медицински материјал. Полека се смени ликот на установата и секако се подобрија условите за лекување на пациентите. Искрено се надевам дека таквата перцепција ке се задржи долг период и ќе резултира со уште поголеми вложувања во здравствениот сектор
Повекедецениски нереновираната внатрешна фасада и прозори во делот од ходниците се заменија со енергетски ефикасна фасада и промена на прозорските делови.
Пандемијата ја затекна Клиниката во фаза на реконструкција, која почна 2015 година, со редуциран болнички капацитет од 40 %.Се пристапи кон опремување на реновираните простории со кревети и медицински мебел и дел од нив се пренаменија во изолаторни соби за иницијално прифакање на пациентите додека трае тестирањето од Корона.Профункционира и лифт до третиот спрат на Клиниката кон одделенијата за детска и пластична хирургија.
Заслужува да се напомне дека за цело време на изведување н овие зафати Клиниката не престана со давање на здравствените услуги и изведување на оперативни интервенции.
Изјава на организацискиот директор Нермин Шакири
Имајќи предвид дека здрвството е динамичен сектор,со последователни предизвици за
негово унапредување, ми претставуваособено задоволствошто мојата професионална кариера ја градам во оваа Клиника,каде заедно со целиот персонал,разменуваме идеи и аксимално се ангажираме за да придонесуваме за подобри резултати од нашата заедничка работа.Секогаш нашиот фокус е на подобрување на услугите кои ги добиваат нашите пациенти.
Наставно научна дејност
Од 01.09.2009 год оваа здравствена установа го добива називот кој и денес со гордост го има,Универзитетска Клиника за хируршки болести СвНаум Охридски.Тројца професори, еден доцент, еден Виш научен соработник и 12 асистенти од хируршките дисциплини и еден професор по радиодијагностика се дел од наставниот кадар на Медицинскиот факултет –Скопје при УКИМ.
Клиниката е активно вклучена во процесот на едукација на кадри во оформување на средно, високо образование, пост дипломски студии, специјализации, како и изработка на докторски дисертации.
Учеството на стручни предавања ,семинари, симпозиуми и конгреси, како во земјата така и во странство, се дел од континуираната медицинска едукација на персоналот што е предуслов за оптимален одговор на нараснатиот тренд во третирањето на хируршките болни и истовремено афирмација на оваа институција при презентирањето на сопствените искуства.
Изјава ..Др.Љубен Арсенков, медицински директор
Субспецијалист по абдоменална хирургија
Клиниката, која е истовремено и наставна база на Медицинскиотфакултет при УКИМ, е можеби најкомпактната хируршка установа во земјава. Компактна како по однос на просторниот распоред и поврзаноста на одделенијата, така и компактност по однос на соработката на сите вработени во неа, одлика со која се гордееме. Искуствотото, традицијата во лекувањето, знаењето и несебичниот трансфер на наученото од постарите на помладите колеги, а секако и обратно, се карактеристики на оваа установа.
Денеска, кога се присетуваме на 60 изминати години ја гледаме реализирана визијата на основачите на клиниката:
Современа компактна хируршка институција која во својата организациска поставеност ги обединува неопходните интер и мултидисциплинарни субспецијалности, оптимално опремена за дијагностика и третман на ургентна и елективна хируршка патологија.
Капацитетот на вработените, традицијата во лекувањето, искуството, потенцијалот на младите специјалисти и специјализанти и средномедицинскиот кадар, на некој начин гарантираат светла иднина и нудат перспектива на Клиниката.
За постигнување на посакуваните исходи од хируршкото лекување ,покрај потребното ниво на стручност и професионален однос,со можеби идентично значење се секако и неопходните просторни и технолошки стандарди во оперативниот блок. За жал .тоа е веројатно најголемиот недостаток со кој се соочува оваа Клиника.
Ограничениот простор на објектот,наметнува размислување за други решенија.Веруваме дека е од посебен приоритет да се разгледа можноста на просторот над паркингот пред главниот влез на клиниката да се догради нов ,со потребни стандарди оперативен блок со 5 операциони сали.Адаптацијата на просторот би овозможила натамочно непречено функционирање на Клиниката и по негово завршување спојување со постоечкиот објект. Освен придобивката со просторно современо проширување на Клиниката, би се добил покриен паркинг со иста намена како и претходно како и настрешница над влезот од клиниката која е неопходна.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија