Фудбал
19. November 2024 - 13:16

Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да го предводи Атлетико Мадрид.

Според „Relevo“, раководството на „Душекџиите“ го избрало Клоп за приоритетен кандидат во случај на заминување на актуелниот тренер на тимот Диего Симеоне, кој го води Мадрид од 2011 година.

Клоп летово го напушти Ливерпул. Германецот претходно ги тренираше Борусија Дортмунд и Мајнц.

По 13 кола, Атлетико е трет во шпанската Ла Лига со 26 бода.