Фудбал
29. October 2015 - 9:48

Клоп: Многу подобро чувство од нерешено

По трите нерешени резултати откако седна на клупата на Ливерпул, германскиот тренер Јирген Клоп синоќа во рамките на Лига купот оствари победа (1:0) против премиерлигашот Бурнемут и со тоа неговата екипа се пласира во четвртфиналето од ова натпреварување.

- Многу подобро е чуството откако кога ќе одиграш нерешено.Задоволен сум бидејќи младите играчи одиграа одлично, а тимот не играл никогаш заедно.Игравме добар фудбал и ја заслуживме победата, истакна Клоп.
 
Во стартните 11 на Ливерпул беа младите Тешеира, Рандал и Бранаган, додека за играч на натпреварот беше прогласен Бразилецот Роберто Фирмино, едно од летните засилувања.
Ливерпул во четвртфиналето од Лига купот ќе игра против Саутемптон на гости, а во сабота во дербито на колото му гостува на првакот Челзи.