Клуге: Задолжителната вакцинација против коронавирус е апсолутна последна опција
Воведувањето задолжителна вакцинација против коронавирус е „апсолутна последна опција“, изјави денеска главниот европски функционер во Светската здравствена организација (СЗО), Ханс Клуге.
Се повеќе европски земји, вклучително и Германија, дебатираат дали да воведат задолжителна вакцинација против Ковид-19, откако Австрија во ноември објави дека ќе воведе задолжителна вакцинација на 1 февруари следната година, што предизвика големи протести во земјата.
– Обврските за вакцинација се апсолутна последна опција и се применуваат само кога се исцрпени сите изводливи опции за зголемување на вакцинацијата, изјави генералниот директор на СЗО за Европа.
Според Клуге, ефективноста на обврската (вакцинацијата) е од многу специфичен контекст и „треба да се земе предвид довербата на јавноста во владата“.
– Она што е прифатливо за едно општество и заедница може да не биде ефективно и прифатливо во друго. Индонезија, Микронезија и Туркменистан, исто така, воведоа задолжителна вакцинација за сите возрасни лица, рече Клуге.
СЗО, исто така, повика на поголема заштита на децата, во моментов најтешко погодените возрасни групи во Европа.
– Употребата на маски и вентилација и редовното тестирање треба да биде стандард во основните училишта, а за вакцинацијата на децата треба да се разговара на национално ниво, рече Клуге.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
