КМФМ со 45 медали од Европскиот куп во Белград
92 натпреварувачи и тренери од 11 македонски кик бокс клубови беа дел од кикбокс репрезентацијата на Македонија која предводена од претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија М-р Дејан Митровски Урко овој викенд во Белград од 14-16 Мај 2021 год. достојно ја претставија нашата земја на ВАКО Европскиот куп Србија Опен.
Вкупно освоени медали на македонската кикбокс репрезентација:
15-златни медали
14-сребрени медали
16-бронзени медали
Поединечно резултати по клубови кои ги освои Македонија:
Кбк Шампион Магнус тим - Скопје
3-златни
4-сребрени
2-бронзени
Кбк Гладијатор - Скопје
2-злата
0-сребрени
2-бронзени
Кбк Зоран тим - Струмица
2-злата
5-сребра
6-бронзени
Кбк Предатор-Куманово
0- златни
1-сребрени
4- бронзени
Кбк Тетово-Тетово
1- златни
0- сребрени
1- бронзени
Кбк Викинг- Скопје
1- златни
0- сребрени
0- бронзени
Кбк Гладијатор-Стип
2- златни
0- сребрени
2- бронзени
Кбк Будо-Кавадарци
1- златни
0- сребрени
0- бронзени
Кбк Ас -Делчево
2- златни
0- сребрени
1- бронзени
Кбк Лидер -Виница
1- златни
2- сребрени
0- бронзени
Кбк Будо -Велес
1- златни
2- сребрени
1- бронзени
Најуспешен од македонските клубови е Кбк Шампион Магнус Тим од Скопје.
Претседателот на КМФМ м-р Дејан Митровски Урко изјави дека со оглед на последиците од Ковид-19 пандемијата и кризата во спортот во нашата земја која произлезе како резултат на селективната забраната за тренинг на нашите репрезентативци и другите индивидуални спортови, сепак успеавме да донесеме огромен број медали и нашата земја ја претставивме гордо и како што и доликува. Споредено со другите земји во регионот во кои на сите репрезетативци, без разлика на тоа дали се дел од колективен или индивидуален спорт, им беше дозволен тренинг; во нашата држава привилегијата за тренинг, па дури и натпревар во затворен објект ја имаа само колективните и лига спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка). На овој кикбокс куп, сите наши натпреварувачи буквално го оставија здравјето на ринговите и борилиштата, пред се борејќи се до последни сили со својата кондицијата, а потоа и со противниците за да извојуваат победа. Многу од натпреварувачите се здобија со повреди како резултат на забраната за тренинг.
Следи период на рехабилитација, но и напорни тренинзи за да ја надополниме кондиционата загуба и да се подготвиме за да атакуваме на европските и светските медали!!! Генерално сум задоволен од постигнатите резултати и сакам јавно да им се заблагодарам на сите натпреваривачи и тренери кои земаа учество на овој натпревар и лавовски се бореа за секој освоен медал!!!
Ново на Сител
-
Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото