„Кнауф“ од Дебар со две награди за најуспешна меѓу стоте фабрики во светот

Два погона од фабриката „Кнауф“ во Дебар - за прва фаза во производството и за гипсени плочи, се прогласени за најуспешни за 2015 година меѓу стоте фабрики на „Кнауф“ кои работат низ светот. По тој повод дебарски „Кнауф“ денеска организираше свеченост.
- Ние сме претпријатие на 21 век. Работиме низ целиот свет, но посебно задоволство чувствувам што сум денес тука, во една од најуспешните меѓу 100-те кои ги имаме низ светот. Дебарската екипа е најдобра, зашто од шесте награди кои ги доделуваме за најуспешни, две се во рацете на овие работници. Вложивме многу, создадовме една современа фабрика, чии гипсени производи се барани низ целиот свет, рече сопственичката Беатрикс Петер Кнауф.
Таа посебно задоволство искажа од успешната соработка со локалната власт, убедена дека таа ќе продолжи и во наредниот период.
- Нашата сила е во гипсот и работниците. Од приватизацијата во 1994 година вложено е многу, изградени се нови погони, постојните осовремени, работиме со најсовремена технологија, целосно автоматизирана, рече Тодор Деловски, регионален директор за Источна Европа-југ.
На свеченоста говореше и дебарскиот градоначалник Ружди Љата кој рече дека Дебар се гордее со успесите на „Кнауф“ и „Дебарските бањи Цапа“ - две успешни приватизации, едната на странски, а другата на домашен инвеститор. Тој додаде дека локалната власт има обврска да создаде поволни услови за реализирање на нивните активности.
Градоначалникот Љата на госпоѓа Кнауф и врачи посебно признание кое го доделува општината за посебен придонес во нејзиниот развој.
Абди Доволани, директорот на Кнауф-Дебар, покрај другото, јавно ги демантираше. како што рече, гласините дека „Кнауф“ е најголемиот загадувач на градот. - Работиме според сите европски стандради за заштита на животната средина, рече Довољани.
Фабриката „Кнауф“ е поранешната фабрика за гипс и гиспени префабрикати „Радика“.
Ново на Сител
-

Уставниот суд поведе постапка за забраната на извршување врз предмети и права на државни органи
-

Системот „Безбеден град“ утре ќе се тестира во Тетово
-

МФ: „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг ‘ББ-, силен сигнал за доверба во економските политики, растот и фискалната стабилност
-

Филков: Се уште немаме номинации од Собрание за работната група за Изборниот законик
-

Сибиха: Путин цинично наредил напад врз Украина за време на преговорите во Абу Даби
-

„Сапорт Кочани“: Во третата распредалба донирани над три милиони денари
-

Алиу: Примарната цел на законот е да ги превенира штетните последици од пушењето, а не да се казнува
-

МОН: Честит Меѓународен ден на образованието
