Македонија
14. September 2016 - 9:29

Книга раскази „Трпеза“ од Катерина Грозданова

Издавачот „Контура“ ја објави книгата „Трпеза“ од Катерина Грозданова, која содржи 21 расказ. Ова е втора книга на Грозданова (Прилеп, 1969) по стихозбирката „На попатнина кон дома“ објавена минатата година. 
 
- Низ двете мои книги се провлекува една иста нишка... Трпеза е уште едно име додадено за љубов... Помеѓу овие две нешта се наоѓа спремањето на омилена храна, чистењето на собата и исчекувањето, на Трпезата поставена за животот... пишува меѓу другото авторката за книгата. 
 
Соодветно на темата, книгата „Трпеза“ утревечер ќе биде промовирана во Скара-бар од 19 часот, со читања од  актерката Весна Стојановска-Николовска и музика од групата Чалгија саунд систем.