Книжевен разговор со писателката Наида Мујкиќ

Издавачката куќа „Готен“ во соработка со Здружението за култура и развој на креативните индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ од Струмица, денеска организра книжевен разговор со писателката Наида Мујкиќ.
На разговорот ќе се зборува за книжевното творештво на Мујкиќ, но и за книжевната сцена во Босна и Херцеговина. Во рамки на разговорот авторката ќе прочита дел од својата поезија.
Наида Мујкиќ е родена во Добој, 1984 година. Магистрирала на Филозофскиот факултет во Тузла, а во моментот работи како виша асистентка по книжевност на Филозофскиот факултет во Зеница. Таа е надворешна соработничка во неделникот „Став“ и е дел од редакцијата на списанието „Лингвазин“. Има свој блог и објавува филмски критики.
Во 2006 година ја доби наградата „Диздар“ за необјавена збирка песни, а нејзината втора книга поезија „Љубовните шарти на могулот“ во 2016 година влезе во финалниот избор за книжевната награда „Хасан Каимија“.
Песните на Наида Мујкиќ се преведени на германски, турски, корејски, македонски, италијански и англиски јазик. Учествувала на повеќе поетски меѓународни фестивали и книжевни средби, а нејзината поезија е дел од повеќе домашни и регионални антологии.
Разговорот со Наида Мујкиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
