„Книжевни магнитуди“ со Ристо Лазаров и Лидија Капушевска-Дракулевска
Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ вечер од 19 часот ќе се одржи средба со авторите Ристо Лазаров и Лидија Капушевска-Дракулевска во рамки на програмата „Книжевни магнитуди“.
Носител и приредувач на програмата е Марта Маркоска која појаснува дека се работи за прв од ваков тип настани во Македонија каде секој слушател/читател ќе има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сè што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите ќе се водат како отворена трибина, без цензура.
- Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации, вели Маркоска.
Ново на Сител
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово
-
Отстранети две обемни диви депонии во скопската општина Чаир
-
ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин
-
Зеленски пристигна во Вашингтон на средба со Трамп