Коцијанчич: Западен Балкан да одржува добрососедски односи
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, по повод изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, оцени дека е „најважно да се одржат добри соседски односи и соработката со сите мора да биде рамноправна“.
- Како што е неодамна потврдено во Европскиот совет, регионот на Западен Балкан има јасна европска перспектива. За да ја постигнеме таа цел соработуваме со сите партнери во регионот, без да се отстапи од принципот на помирување и регионална соработка, истакна Коцијанчич.
Таа нагласи дека каква било форма на политичко влијание е штетна за зацврстување на добрососедските односи.
Албанскиот премиер Еди Рама вчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се случи и обединување на Албанија со Косово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ