Коѕиас со нови обвинувања кон Македонија
Македонија употреби несоодветни средства во справувањето со бегалците и повеќе пати го прекрши меѓународното право, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за „Весникот на новинарите“.
Тој рече дека официјална Атина „и препорачала“ на нашата земја „да го разгледа она што го прави и какви последици тоа ќе има врз идните односи со европскиот институционален систем“.
- Одговорност сносат и земјите-членки на ЕУ, кои, и покрај нивното присуство во Македонија, не го спречија таквото однесување, изјави Коѕиас.
Според него, Грција „од своја страна, со вакви прашања се соочува смирено и одговорно“.
- Оние кои мислат дека ќе престанеме со преземање иницијативи и остварување на проактивна надворешна политика, се будали. Оние кои не можат да ги поднесат тешкотиите на надворешната политика и ја губат својата сталоженост, треба подобро да се погледнат себе си, изјави грчкиот министер.
Коѕиас потсети дека на 14 април се одржа првиот трилатерален состанок за прашањето на бегалците со Албанија и Италија и информира дека на 21 и 22 април, во Солун, ќе биде домаќин на состанок за прекугранична соработка со министрите за надворешни и за внатрешни работи на Бугарија, Македонија и Албанија.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп