Кога полицијата ќе најави „крај на светот“ за 21 август
Жителите на делови на Северна Америка на 21 август ќе бидат сведоци на затемнување на Сонцето.
Но, според локалниот полициски шериф од американската сојузна држава Џорџија, Скот Бери, на овој датум ќе дојде „крај на светот“ каков што го познаваме денес.
- Бремените жени треба да пушат и да пијат за време на затемнувањето. Тоа ќе ги спречи радиоактивните бранови поради кои ќе им отекуваат нозете и ќе влијаат тие премногу да се жалат, беше објавено на официјалниот профил на шерифот Бери на Фејсбук.
Тој натаму препорачува на децата да им се одвлече вниманието од затемнувањето на Сонцето со ужинки и на тој начин тие „нема да знаат дека дојде крај на светот каков што го познаваме“.
- Како ваш шериф очекувам да почнете да паничите уште веднаш. Нема потреба да чекате до недела вечерта за да купите леб и млеко. Рафтовите ќе останат празни кога масата ќе собере се. Ако чекате единствено што ќе најдете е грав во конзерва и евтини снегулки. Никако не гледајте дирекно во Сонцето. Вашите очила нема да ве заштитат од сигурна смрт, беше наведено во пораката на Бери до неговите сограѓани.
Објавата, сепак, набрзо беше избришана, но засега не е познато дала профилот на шерифот бил хакиран или пак станува збор за негова „несолена“ шега.
Ново на Сител
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид
-
Курти за вонредни избори во Косово: Опозицијата да се подготви, ние сме секогаш подготвени
-
Фицо е во тешка животозагрозувачка состојба
-
МОН: Започна печатењето на одобрените учебници од прво до седмо одделение