Која Македонка е новото лице за „The look of the Year 2016“?

Во јуни се случи кастингот за престижниот избор на модели „Тhe Look of the year“ во организација на модната агенција Моделс ИН од Скопје каде земаа учество 14 девојки. Лиценцата за овој избор е во сопственост на Јелена Ивановиќ и нејзината респектабилна модна агенција Model Scouting Office со седиште во Белград.
За кастингот во Скопје дојдоа букери и скаути од Белград да ги селектираат девојките, и воедно да го направат вистинскиот избор за Лице на годината од Македонија.
Победничка за оваа година е младата убавица Ивана Караџова од Скопје, која е веќе во подготовки да не претставува на светскиот избор кој ќе се одржи во октомври во местото Таормина на Сицилија.

Младата Ивана е лице кое зрачи со ренесансна убавина и го поседува оној фактор X кој е задолжителен помеѓу новите модели.

-Мислам дека го имаме вистинското лице од Македонија, беше кусата изјава на Јелена во разговор со првите луѓе на Моделс ИН.

Воедно уште три други девојки заминуваат за Белград во Септември каде агенцијата Model Scouting Office сака да склучи договор и да ги застапува во светски рамки. Инаку новото лице Ивана Караџова е средношколка и долги години професионално се занимава со одбојка, а воедно две години е дел од модната агенција Моделс ИН.

-Навистина оваа година сме презадоволни од девојките, и до самиот крај не бев сигурен која ќе биде the Look of the Year 2016 за Македонија. Ова е огромна шанса за Ивана, на светскиот избор има модни агенти и скаути од цел свет каде има големи шанси да го препознаат нејзиниот потенцијал и да биде експресно букирана. На Ивана и претстојат подготовките, а ние секако ќе и бидеме најголемата поддршка, изјави Алек Наумовски.


Ново на Сител
-

Заврши уште едно успешно издание на ендуро трката во Делчево со рекорден број учесници и публика
-

Седници ќе одржат собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната
-

Србија/Избори 2026 - Измина рокот за доставување изборни листи
-

Жесус: Роналдo кoгa сaкa можe дa ce врaти вo репрезентацијатa
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
-

Хмара: Украинските сили онеспособија над 51 отсто од руските рафинериски капацитети за нафта
