Македонија
17. August 2024 - 10:39

Колони на „Табановце“, гужви и на „Богородица“

Колони возила се движат полека на граничниот премин Прешево, за влез во Македонија на преминот Табановце, покажуваат камерите од српска страна. И камерите од македонска страна на преминот Богородица потврдуваат дека се долги колоните на возила чија дестинација е Грција.

Од АМСМ рано утрово информираа дека на Табановце за излез и за влез во државава има зголемена фреквенција на возила. Нема информација за тоа колку време се чека на Табановце и Богородица. На останатите гранични премини нема подолги задржувања, велат од АМСМ.