Комарци првпат забележани на Исланд

За првпат во историјата, комарци се најдени на Исланд. Имено, три единки од видот „Culiseta annulata“ се откриени овој месец, од страна на Бјорн Хјалтасон во неговата градина во Општината Кјос во западен Исланд, кој за „Исланд монитор“ (Iceland Monitor) изјави дека никогаш порано не видел вакви инсекти.
-Веднаш можев да кажам дека ова е нешто што никогаш порано не сум го видел, рече Хјалтасон за првата најдена единка.
Од 16 до 18 октомври, тој фати уште два комарци, по што ги испратил трите единки за проучување и идентификација кај Матијас Алфредсон – ентомолог во Исландскиот природонаучен институт. Тој потврдил дека станува збор за видот „Кулисета анулата“, и оти две се женки и еден мажјак.
На Фејсбук, по тој повод, Хјалтасон напиша дека „последната тврдина падна“, бидејќи Исланд досега се сметаше за една од земјите каде што нема комарци. Тој рече и дека се сомнева дека комарците пристигнале во неговата градина од пристаништето Грундартанги, оддалечено само шест километри, каде што пристигнуваат бродови и контејнери, каде што би можело да има комарци.
МИА
Ново на Сител
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
-

Тошковски: „Мазут“ ќе ја фрапира јавноста
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
