Комисијата за труд одржа седница, покачувањето на пензиите на пленарна седница

Собраниската Комисија за труд и социјална политика и покрај несогласувањата на пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата, попладнево го одржа продолжението на седницата на која, меѓу другото, на дневен ред беа измените и дополнувањата на Законот за пензиското и инвалидското осигурување по скратена постапка, односно најавеното покачување на пензиите за 700 денари.
Амандманската расправа за законот помина и сега измените треба да бидат изгласани на пленарна седница по што и официјално од 1 јануари пензионерите ќе имаат зголемување на пензиите за 700 денари.
На седницата на Комисијата беа отфрлени два амандмани на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која бараше зголемувањето на пензиите да биде согласно зголемувањето на трошоците на живот.
Почетокот на продолжението на седницата на Комисијата мина во меѓусебни обвинувања на пратениците од власта и опозицијата за тоа кој сака, а кој не сака зголемување на пензиите, но дискусијата на моменти наликуваше на предизборна кампања која опфати и други теми.
По завршување на амандманската расправа по законот, пратеничката Јагода Шахпатска од СДСМ побара седницата да биде прекината за пратениците да можат да одат на пленарната седница.
Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев по ова одржа прес-конференција на која ги обвини пратениците од СДСМ дека повторно ја блокираат работата на Комисијата, на која на дневен ред останаа измените на законот за социјална заштита по скратена постапка.
Одбивањето на нивните амандмани, според Ѓорчев, значи дека СДСМ не сакаат зголемување на пензиите на пензионерите. Тој, исто така, повтори и дека на седниците на Комисијата во изминатите две години никогаш не присуствувала министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Ново на Сител
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
