Комисиска расправа за Предлог-законот за агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и корупција
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја одржи 56. седница, на чиј дневен ред е Предлог законот за агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.
Според Предлог-законот поставен на собраниската веб-страна, со формирање на агенцијата, крајната цел ќе биде искоренување на корупцијата во државава и изградба на современа демократска држава и држава полноправна членка на Европската Унија.
Со овој Закон, како што се посочува, во суштина се очекува да започне неселективна борба против криминалот и високата корупција, оваа борба ќе ја води државна институција врз која нема да има политичко влијание, влијание на бизнис центрите или коруптивно влијание и за прв пат во Република Северна Македонија ќе има силна и независна институција која ќе обезбеди и генерална превенција односно ќе ги одвраќа носителите на јавни функции да се вклучуваат во криминал, без страв дека ќе бидат гонети за тоа.
-Агенцијата ќе ги открива и сузбива тешките облици на организиран криминал и високата корупција, задолжително ќе предлага и конфискација на имот стекнат на криминален начин, ќе работи и ќе го открива скриениот имот во државата и странство на носители на јавни функции и ќе предлага негово одземање, но ќе предлага и забрана на политичко дејствување, со што ќе се спречи носителите на јавни функции кои се стекнале на незаконит начин со огромен капитал повторно да се вклучат во политиката и повторно да ги ограбуваат граѓаните, се вели во Предлог-законот.
Се очекува со агенцијата да раководи директор кој ќе го избира борд од 12 лица.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
