Компани по ремито со Дортмунд: Можевме да одиграме подобро

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани го сподели своето мислење по ремито 2:2 против Борусија Дортмунд во дербито од 29. коло на германската Бундеслига. Баварците пропуштија добра можност да се одвојат со осум бода предност на врвот на табелата на пет кола до крајот на шампионатот по киксот на нивниот директен конкурент за првото место, Баер Леверкузен.
-Да бев навивач, би купил билет за ваков натпревар. Но, секако, како тренер, сакам тимот да има малку поголема контрола врз играта. Сакав да продолжиме да го правиме она што го правевме во првото полувреме. Се боревме до крајот за да го добиеме овој натпревар. Нашиот противник го правеше истото, изјави поранешниот дефанзивец на Манчестер сити по мечот.
Баерн трет последователен натпревар не успеа да ја победи Борусија. Баварците последен пат победија против „жолто-црните“ пред повеќе од година и пол – во ноември 2023 година.
-Да немаше такви натпревари, ќе жалевме. Затоа имам измешани чувства. Но, на крајот сакавме да бидеме шест бода пред Баер на крајот на викендот. Во оваа фаза од сезоната, секој бод е тешко остварлив, па тоа е добар резултат. На секој натпревар одиме со желба за победа. Се чувствуваме како да можевме да одиграме подобро. Но, со оглед на повредите што ги добивме неодамна, важно е да имаме енергија и единство, додаде Компани.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
