-->
-->
Комплетирани двојките за осминафиналето на ЕП во ватерполо
-->

Со одигрувањето на натпреварите од последното 3.коло во групуте Ц и Д, позната е втората половина од осминафиналните парови на Европското ватерполо првенство што се одржува во Белград.
На дуелите одиграни синоќа, беа постигнати овие резултати:
Ц група: Италија – Грузија 21-1 и Романија – Германија 14-13.
Табела: Италија 9, Романија 6, Германија 3 и Грузија 0.
Д група: Унгарија – Турција 20-5 и Русија – Грција 9-8.
Табела: Унгарија 7, Русија 6, Грција 4 и Турција 0
Така во недела (17 јануари) во осминафиналето ќе играат: Италија – Турција, Унгарија – Грузија, Романија – Грција и Русија – Германија.
Денеска ќе се одиграат првите четири дуели, а двојките се: Шпанија – Малта, Црна Гора - Франција, Србија - Словачка и Хрватска - Холандија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведени 10 возачи, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол
-

Либертис: Слободата на медиумите низ ЕУ е под постојан напад
-

Гроси: Ризикот од нуклеарна катастрофа на нивоата од Студената војна
-

Зеленски: Подготвуваме пакет санкции против актерите вклучени во извозот на украдено жито
-

Тошковски: Врсничкото насилство во Ѓорче сериозно се истражува, 14 лица повикани на разговор
-

43-годишен штипјанец пронашол неактивирана експлозивна направа во подрумскиот дел од неговата куќа
-

„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“
-

Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
