Комплетно асфалтиран стариот пат до манастирот св.Јоаким Осоговски

Завршено е асфалтирањето на стариот патен правец до манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски во Крива Паланка и тој од денеска е во употреба.
–Завршени се градежните активности за реконструкцијата и санација на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски, со која комплетно е обновена коловозната конструкција и поставен е нов слој асфалт. Исто така поставени се нови рабници во должина од 2,5 километри, изработени се асфалтни риголи, санирани се постојните свлечишта и изградени се потпорни ѕидови, а делови од патот се проширени со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.![]()
Тој рече, од денеска сите посетители, туристи и рекреативци, ќе можат да го користат и овој патен правец до манастирот, кој, како што посочи, е најголем туристички потенцијал и промотор на општината.
Рехабилитацијата на патот е проект финансиран од Агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралнито развој ( АФПЗРР) и дел од Општина Крива Паланка, а изнесува околу 16 милиони денари.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
