Концерт на „Чалгија саунд систем“ во Прилеп

Групата „Чалгија саунд систем“ вечер ќе одржи целовечерен концерт на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, во рамки на Прилепско културно лето кое го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.
„Чалгија саунд систем“ е основана во 2008 година со цел да го одржи чалгискиот израз, проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми, кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата. Тие го земаат чалгискиот израз како основа за создавање современа музика која е во духот на чалгиската традиција.
Досега имаат реализирано повеќе настапи на фестивали, како што се самостојните целовечерни концерти на 1.st International Istanbul Music and Dance Encounter и на Оффест 2015, настапувале и на Скопско лето, „Мариово оф роуд“, „Локум фест“, Етно фестивал во Битола... Групата многу често настапува во живо насекаде низ Македонија и го подготвува вториот албум.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
