Концерт на Филхармонијата со ученици од државните музички училишта
Македонската филхармонија вечер во Дом на АРМ ќе го одржи традиционалниот симфониски концерт на кој како солисти ќе настапат ученици од државните музички училишта во земјава.
Концертот ќе го води диригентот Борјан Цанев, а ќе настапат талентираните ученици Инес Неделковска - пијано (класа: проф. Нина Костова), Арда Мустафаоглу - пијано (класа: проф. Самира Мустафаоглу), Томе Костовски - пијано (класа: проф. Марија Шамоска-Буџаковски), Наоми Георгиевска - виолина (класа: доц.проф.Риана Рамиз), Стефан Неделковски - саксофон (класа: проф. Владимир Трајановски), Ева Богоевска - виолина (класа: проф. Олег Кондратенко), Тамара Тодоровска - виолончело (класа: проф. Драган Гоневски) и Александар Иванов - виолина (класа: проф. Горан Муратовски).
На програмата се дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Сарасате, Глазунов, Дворжак, Вјетан, Сибелиус. хс/ скс/07:50
Ново на Сител
-
Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта