Концерт на Интернационалниот младински оркестар „Bisyoc“
Интернационалниот младински оркестар „Bisyoc“ на првото гостување во земјава, вечер од 20.30 часот ќе одржи голем симфониски концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, кој ќе го повтори и на 4 август од 17 часот. Утре оркестарот ќе настапи и во Охрид на отворено, на просторот помеѓу ТЦ „Амам“ и „Жито леб“.
Оркестарот има повеќе од 80 млади музичари од Германија, Франција, Велика Британија, Норвешка, Нов Зеланд, Русија, Канада и неколку македонски изведувачи. Ги посетил Австрија, Шпанија, Германија, Малта и Норвешка, а оваа година тие гостуваат во нашата држава.
„Bisyoc“ промовира културна и социјална интеракција помеѓу младите луѓе од различни земји – преку создавање квалитетна музика заедно. Почетоците се во 2001 година, кога диригентот Џулијан Гибон го формира оркестарот во Бедстоун, Велика Британија, како музички летен камп.
Неговата цел била да ги собере младите луѓе со различни музички цели и способности и да им даде шанса да искусат изведба во голем симфониски оркестар. Оваа идеја била одлично прифатена од младите, така што прераснува во традиција од 18 години. Млади од целиот свет доаѓаат да ги споделат и разменат искуствата со други млади, заедно свирејќи во овој симфониски оркестар.
Во изминатите три дена тие имаа миниконцерти на отворено кај Споменикот на Револуцијата во Струга. Влезот за нивниот вечерашен концерт во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ е слободен за посетители.
Организатор на концертите на отворено е Здружението за развој на културно-уметнички вредности „Тактус“ од Охрид.
Ново на Сител
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО
-
Рение: ЕК нема намера да забрани ниту една онлајн платформа
-
Протест и во Нови Сад поради газењето студентка за време на блокада во Белград
-
УНМИК загрижен поради затворањето на српските институции во Косово
-
Што ако најубавите нешта во животот веќе ги имате, но не ги гледате?