Македонија
30. July 2016 - 9:07

Концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија

Во рамки на Скопско лето 2016 вечер во Сули ан концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија, под диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар. 

На програмата се дела од Хендл, Елгар, Шчедрин и Чајковски.

Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија постои веќе 30 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп во Охрид 1986 година. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа.