Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена
Гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија денеска ќе гостува во Виена, каде што ќе одржи концерт посветен на македонското творештво. Диригент ќе биде Саша Николовски-Ѓумар, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која живее и работи во австриската престолнина.
На концертот, кој ќе се одржи во салата на Дипломатската академија во Виена, ќе бидат изведени делата: „Стари танци“ од Властимир Николовски, „Песна и Танец“ од Тома Манчев, Концертна пиеса за гудачи и пијано од Сони Петровски, „Македонско капричо“ од Драган Шуплевски, како и две композиции од австрискиот композитор Франц Шрекер.
Како што соопшти Филхармонијата, творбите со кои ќе се претстави оркестарот се дела на автори од различни генерации македонски композитори, исклучителни претставници на македонската музичка култура, чиј музички опус претежно е инспирација од богатиот фолклор на поднебјето од каде што доаѓаат.
Концертот е организиран со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Австрија и македонското Министерство за култура.
Ново на Сител
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски
-
Олуките за продолжување на кризната состојба на јужната и северната граница на државата и на КПД Идризово поминаа на Комисијата за одбрана
-
Зеленски: Украина досега доби вкупно 100 милијарди долари помош од САД
-
Пленковиќ: Протерувањето на Хрватите од Србија мора да престане
-
Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
-
Палевски: Заминав во Турција за да докажам дека Гоце Делчев бил убиен од врховистите, а не турски аскер
-
Венко Крстевски избран за в.д градоначалник на Општина Кочани
-
Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени