-->
-->
Концерт на Пијано Дуо Гелебешеви во Куманово
-->
Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва концерт ќе одржи пијано дуо „Гелебешеви“. Дуото во кое членуваат Катерина Гелебешева Костадиновска и Глигор Гелебешев пред публиката ќе изведат дела од Брамс, Барбер, Равел, Росини.
Дуото на музичката сцена опстојуваат 17 години и досега настапиле речиси во сите градови во Македонија и учествувале на најзначајните музички фестивали во земјава. Дуото е познато и по настапите во странство, Франција, Полска, Романија, Бугарија, Холандија, Италија, Србија, Турција, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина…
– Ги покануваме кумановци да присуствуваат на овој концерт и да уживаат во програмата, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот центар за култура.
Својот прв носач на звук дуото го издава 2008 година во 2011 година ја добива наградата Златна Лира од Сојузот на музичките уметници на Македонија. Дуото во 2016 година го бележи и својот прв настап со македонската филхармонија. Концертот е дел од годишната програма и е поддржан од страна на Министерството за култура на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе има ли јагнешко за Велигден и по која цена?
-
Tема на денот со Михајло Лахтов, експерт за медиуми
-
Загрижувачки пораст на респираторните заболувања - околу 1000 случаи годишно со рак на белите дробови
-
Кој краде на Клиниката за онкологија – Два инциденти за 6 дена
-
Судењето за убиството на Вања продолжи со испрашување на таткото
-
Коалицијата „Вреди“ ги пегла разликите
-
Бока: Интеграцијата на Македонија во ЕУ е незавршен процес
-
Опозицијата контра именувањето на Богојески, за власта битна ќе е неговата работа, а не коментари