Концерт на словачкиот пијанист Рихард Рикон на Есенски музички свечености

На Есенските музички свечености вечер концерт ќе одржи пијанистот од Словачка Рихард Рикон.
На концертот на Факултетот за музичка уметност од 20 часот Рикон ќе изведе дела од Шопен, Вебер, Лист, Шуберт, Фибих и Дуранд.
Пијанистот, чие гостување се реализира во соработка со Амбасадата на Словачка, утре ќе одржи и работилница со студентите од ФМУ.
Рихард Рикон потекнува од семејство со долгогодишна музичка традиција. Свири на пијано од пет години, а на шест години победил на натпреварот „Барток“.
Дипломирал во 2000 година на Универзитетот за изведувачки уметности во Братислава, а две години се усовршувал и на конзерваториумот „Супериор“ во Париз, каде што ја стекнал и втората диплома од колеџ, во класата на Еуген А. Рубинштајн.
Настапувал со бројни реномирани ансамбли и музичари од Словачка, како и со странски изведувачи.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
