Концерт во чест на Ѓоко Николовски, највозрасен активен музичар во Македонија

Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) вечер од 20 часот во фоајето на Македонската опера и балет организира концерт по повод 90 години од раѓањето на Ѓоко Николовски, највозрасниот активен музички уметник во Македонија. Тој ќе настапи заедно со пијанистот Тодор Светиев, сопранистката Слободанка Танева и тенорот Влатко Груевски.
На концертот, насловен „На виолината со љубов“, ќе бидат изведени дела од Моцарт, Бах, Перголези, Доницети, Џордани, Мајербер, Леонкавало, Каполонго, Кардиљо, Верди, а премиерно и композицијата „Охридски лебеди“ на Николовски.
Ѓоко Николовски е роден на 14 август 1927 година во Битола. Бил долгогодишен концерт-мајстор на оркестарот на МОБ. Почнал да свири виолина кај Тодор Скаловски и Трајко Прокопиев. Музичка академија завршил во Љубљана каде дипломирал на отсекот за виолина кај познатиот професор Леон Фајфер. За време на студиите и престојот во Љубљана работел во РТВ Љубљана како член-виолинист на Симфонискиот оркестар. Со стипендија од владата на Италија, бил на едногодишна специјализација на познатиот конзерваториум „Џузепе Верди“ во Милано и Миланската скала.
Во Операта и Балетот на Македонскиот народен театар учествувал од нивното формирање каде го поминал целиот работен век до своето пензионирање. Во неговата уметничка дејност посебно место зазема интензивното негување на камерната музика и се истакнува како водач на квинтетот на МНТ и многу други состави.
- Ѓоко Николовски е највозрасниот активен музички уметник во нашата земја, што претставува раритет од пошироки рамки. Овој концерт со посебен пиетет ја одбележува годината во која со навршени 90 години, Николовски го споделува со нашиот аудиториум својот извонреден музички талент и живот безрезервно посветен на музиката и неговата љубов – виолината, соопшти СОКОМ.
Ново на Сител
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
