Конески: Немам коментар за бегството на Мијалков и заедничката средба
Немам коментар. Ова е одговорoт на поранешниот градоначланик на Аеродром Ивица Коневски за наводната средба со екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој од синоќа е недостапен за полицијата која трага по него поради куќен притвор пред пресудата за Таргет – Тврдина. Откако не одговараше на телефонските повици, за коментар дали е последен контакт на Мијалков, дали се виделе и дали нешто наговестувало дека ќе избега, на вибер Конески кратко ни напиша: „немам“.
Според неофицијални информации Мијалков во неделата рано попладне бил виден во кафулето „Дистрикт“ во друштво на Конески. Вечерта стана недостапен за полицијата.
Поранешниот градоначлник пак, е меѓу членовите на Иницијативниот одбор за утврдување одговорност на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за изборниот резултат минатата година и закажаа вонреден конгрес на 28 март. ВМРО-ДПМНЕ обивнуваше дека зад ваквата иницијатива стои токму Мијалков.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?