Конференција „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската унија“
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи ќе ја отвори националната трилатерална конференција насловена „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската унија“, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Како што соопшти СЕП, конференцијата претставува соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и Центарот за европски стратегии - ЕУРОТИНК, и е дел од проектот „Механизам на граѓански организации за ИПА2“, финансиски поддржан од Европската унија, а се одржува по повод објавувањето на новата Стратегија за проширување на Западен Балкан.
Според агендата, Османи пред невладините организации ќе ја презентира Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.
На конференцијата ќе се дискутираат и шесте ударни иницијативи на новата Веродостојна стратегија за проширување на Западен Балкан, во соработка помеѓу владините и претставниците на граѓанското општество, кои ќе имаат можност да дискутираат и дадат заеднички заклучоци.
Целта на ИПА механизмот е да овозможи партиципативна демократија преку соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор.
Ново на Сител
-
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
-
Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром
-
Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник
-
Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат
-
Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
-
Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд