Конференција на парламентарни комисии за европски прашања на државите од КОСАП

Во Охрид денеска почнува конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП. Домаќин на конференцијата е собраниската Комисија за европски прашања.
На конференцијата се очекува да бидат разменети мислења за прашања во врска со евроинтегративните процеси во државите, како и за актуелните случувања во регионот и пошироко. Во рамки на двата панела како теми за дискусија се предвидени: Регионалната соработка на Западен Балкан од економски, политички и европски аспект и ИПА 3 – искуства, перспективи и можности.
Со конференцијата ќе претседава претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбер Адеми.
На годинашната КОСАП конференција, која претставува форум за редовна размена на ставовите кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, Стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и на процесот за проширување на ЕУ, најавено е учество на делегации на земјите од регионот и тоа на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција и Косово.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
