Конференција за јакнење на општински совети

Јакнење на општинските совети за вршење надзор и претставување на интересите и потребите на граѓаните преку зголемена отчетност на општинските власти и ефективноста во адресирањето на потребите на граѓаните има за цел проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“.
Проектот ќе трае четири години од октомври 2016 до јуни 2020 и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации.
Швајцарската амбасадорка во Македонија Сибил Сутер Тајада на денешната конференција во Маврово за означувањето на почеток на проектот истакна дека со поддршката на овој проект се дава поддршка на процесот на децентрализација во Македонија.
- Проектот има за цел јакнење на општинските совети особено нивната надзорна улога врз работата на општинската администрација, рече Сутер Тајада.
Министерката за локална самоуправа Ширет Елези посочи дека станува збор за многу важен проект во процесот на децентрализација за јакнење на капацитетите на општинските совети.
- Целта на проектот е јакнење на свеста за значењето на советите во носењето на одлуките од страна на градоначалниците, особено во областа на буџетското планирање, рече Елези.
Претставникот на УНДП Лујза Винтон нагласи дека УНДП веќе 20 години го поддржува процесот на децентрализација и локалните власти во Македонија.
- Една од карактеристиките на македонската локална самоуправа е што градоначалниците се многу силни и често имаат силен карактер. Целта на овој проект е да се обезбеди знаење и средства на членовите на општинските совети да станат силен фактор и еднакво јаки во грижата за интересите на граѓаните, рече Винтон.
Проектните активности се групирани во три компоненти, за воспоставување на добри практики, за партиципативно програмирање и буџетирање, и за вмрежување на советниците. Со обуките ќе бидат опфатени претставници од сите општини во Македонија.
На денешната конференција беше промовирана и проектна веб-страница, платформа за е-учење и контролна е-табла со индикатори за финансиско работење на општините, и беше искористена за воспоставување на мрежа на општински советници во рамки на ЗЕЛС. Во првата фаза на проектот се опфатени 24 општини со обуки и финансиска поддршка.
Ново на Сител
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
-

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми
-

Кривична за косовски државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако бил фатен во обид да криумчари дрога
-

Кривична за поранешна претседателка на комисија во Министерство за здравство за несовесно работење при надзор над медицински канабис
-

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари
-

Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година
-

СП 2026: Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија
