Конференција за миграциите во транзитните земји и безбедносните импликации

Меѓународна конференција на тема „Миграции и прилив на бегалци во транзитните земји: безбедносни импликации“, ќе се одржи денеска во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика (ИГИНП) при Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Конференцијата, како што соопшти МНР, е организирана во рамки на македонското претседавање со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) за 2015 година.
На конференцијата ќе учествуваат високи претставници од сите значајни меѓународни институции, како што се: ОН, ОБСЕ, ЦЕИ, ИОМ, МАРРИ, како и од над 50-ина други претставници од странство.
Како што е најавено, на конференцијата ќе се обратат заменик-министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, директорот на ИГИНП, амбасадорот Абдулкадар Мемеди, алтернативниот генерален секретар на Централноевропската иницијатива, Марго Клестил-Лофер, министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ.
Покрај одржување на два панели на различни теми за проблемот со миграциите, на конференцијата ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу ЦЕИ и МАРРИ Центарот.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
