Конференција за ран детски развој
Во организација на Светска банка во соработка со Владата на Република Македонија денеска во Скопје ќе се одржи конференција посветена на раниот детски развој.
Целта на конференцијата е да се презентираат релевантните регионални и глобални трендови и пракси за значењето на раниот детски развој на владите и чинителите од земјите на Западен Балкан, како и, поконкрентно, важноста за проширување на пристапот до квалитетно рано детско образование и заштита. На конференцијата ќе присуствуваат 50-тина претставници од земјите на Западен Балкан, вклучително и преставници од владите и меѓународната заедница.
На отворање на конференцијата најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев, Линда Ван Гелдер регионален директор за земјите од Западен Балкан и Хаиме Сааведра сениор директор на глобалната пракса за образование при Светска банка.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена