Конференција „Западен Балкан 2030“: Дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост

Учесниците на панелот „Дигитализација и модернизација - паметни економии, посилен регион“, што се одржа во рамките на годишната конференција „Западен Балкан 2030“ во Белград, денеска оценија дека дигитализацијата е клучот за соработка во регионот и за нејзината одржливост.
Вицепремиерот на Северна Македонија, Иван Стоилковиќ, нагласи дека не е доволно да се зборува за дигитализацијата како за добра вест, туку дека за нејзино квалитетно користење е потребно инвестирање во образованието.
Стоилковиќ оцени дека дигитализацијата е „на некој начин освојување на нова слобода“, но дека основниот проблем е образованието, додека ширењето на дигитализацијата е друг проблем.
Според Стоилковиќ, ако земјите од регионот не можат да ја шират дигитализацијата кај своето пошироко население, тешко дека можат да постигнат меѓусебна соработка на пошироко ниво во дигиталната сфера.
Амбасадорот на Финска во Србија, Црна Гора и Северна Македонија, Никлас Линдквист, изјави дека дигиталната стратегија на неговата земја се базира на помагање на корисниците и силна заштита на информациските системи, а дека вештачката интелигенција е во преден план.
Тој истакна дека не е доволно само владата на една земја да сака да биде дигитална, туку и граѓаните мора да го сакаат тоа.
МИА
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
