Коњаниците од Скопје се подготвуваат за Илинденскиот марш
Дваесет коњаници од Скопје интензивно се подготвуваат за традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41 пат.
Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, имаат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Годинава меѓу коњаниците има и три жени. Тие беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.
Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.
Ново на Сител
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина