Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола

Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелн градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола.
- Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме таму каде што застанавме иако всушност ние никогаш не застанавме. Поддршката е огромна и тоа е огромна чест, но и одговорност за и понатаму да продолжиме заедно по патот кој го зацртавме. Огромна благодарност до сите граѓани, од сите етникуми затоа што Битола е мултикултурен и мултиетнички центар. Оваа победа е заедничка. Оваа победа е победа на граѓаните на Битола кои го знаат патот по кој ќе продолжи градот, но и поактивно затоа што граѓаните препознаа што работевме во изминатите четири години, а така ќе продолжиме, истакна Коњановски.
Старо-новиот градоначалник на Битола Тони Коњановски вечерва се заблагодари и на противкандидатите за фер и демократска битка.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
